Германскиот репрезентативец Робин Госенс најверојатно ќе ја напушти Аталанта во летниот преоден рок.
Овој фудбалер обезбедува одлични игри во последно време, па не е изненадувачки што голем број клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Интер и Јувентус веќе покажаа интерес, но се поизвесно е дека Манчестер Сити ќе им го уништи бизнисот, барем така пишуваат медиумите блиски до Аталанта.
Наводно, челниците на клубот се подготвени да започнат преговори со Сити, а англискиот клуб е подготвен да понуди 40 милиони евра за неговата „слобода“, со што се задоволни и во Аталанта.
Во Серија А, Госенс одигра 21 натпревар оваа сезона, постигнувајќи девет гола на кои додаде четири асистенции.
Интересно, Госенс пристигна во Аталанта во 2017 година од Хераклес за нешто помалку од еден милион евра, па може да се каже дека италијанскиот клуб ќе заврши феноменална работа со неговата продажба и тоа нема да им биде прв пат да направи ваков трансфер.