Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) неодамна објави листа на најдобрите туристички села во 2022 година.
Листата е рангирана врз основа на неколку критериуми – од инфраструктура и развој како туристичка дестинација до евалуација на културните обичаи и природните убавини. На листата, која служи и како инспирација за овогодинешните патувања, се вклучени 32 села од 18 различни земји.
Меѓу другите, за најубави туристички села минатата година беа прогласени Зел ам Зе и Вагреин во Австрија, Ум Каис во Јордан, три села во Шпанија – Рупит, Алкезар и Гвадалупе и Бохињ во соседна Словенија.
На списокот се и: Пукелдон (Чиле), Дажаи (Кина), Јингжу (Кина), Чоачи (Колумбија), Агуарико (Еквадор), Ангочагва (Еквадор), Ековилаж на планините Чоке (Етиопија), Местија (Грузија), Кфар Кама (Израел), Саурис-Захре (Италија), Исола дел Гиљо (Италија), Крил (Мексико), Ел Фуерте (Мексико), Ксар Елхорбат (Мароко), Мулај Бузерктуне (Мароко), Ламас (Перу), Ракчи (Перу) , Кастело Ново (Португалија), Пјонгса-ри (Кореја), Расинари (Романија), Стариот град АлУла (Саудиска Арабија), Муртен (Швајцарија), Андермат (Швајцарија), Бирги (Турција), Таи Хаси (Виетнам).