Делницата на автопатот од Катланово кон Петровец требаше да биде завршена во јули 2021 година. Сепак и по речиси 2 години, градежните работи се уште не се ниту при крај. Таму веќе со месеци нема машинерија, ниту се одвиваат градежни активности. ЈП за Државни патишта одлучи да го раскине договорот со „Бетон“ бидејќи доцни со изведбата на градежните работи. За една година оваа компанија извршила само 12 отсто од целиот проект. Како што пишува ТВ21 во март ќе биде објавен нов тендер за избор на нова компанија.
Средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за обнова и развој , а директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми за ТВ21 потврди дека договорот со компанијата „Бетон“ е раскинат.