Една десетина од светската популација ја сочинуваат луѓе кои пишуваат со левата рака.

Порано се сметало дека пишувањето со лева рака е слабост, односно дефект, па таквите деца уште од мали нозе биле принудени да го држат моливот во десната рака.

Сепак, времињата се сменија, а можеме да кажеме дека левораките се натпросечно интелигентни, мудри и креативни.

Со оглед на тоа дека светот е поставен на огромното мнозинство на „десничари“, луѓето кои ја користат левата рака се принудени да се приспособат и да ја користат десната рака покрај левата.

Многу познати имиња припаѓаат на светот на леваците, како Никола Тесла, Аристотел, Марк Твен, Чарли Чаплин, Пол Макартни, Леонардо да Винчи, Наполеон, Џими Хендрикс…