реклама

Лондонската The Holme е најскапата куќа во светот моментално на продажба, пишува Financial Times. Според нивните информации се продава за вртоглави 300 милиони долари (околу 281 милион евра).

Холм е замок стар 205 години во Риџентс Парк, Лондон. На пазарот беше пуштена откако беше преземена од член на саудиското кралско семејство. Ако ја достигне бараната цена, ќе стане најскапиот имот што некогаш бил продаден во Велика Британија.

реклама

Тоа е најскапата куќа која моментално се продава во светот. Холм го симна од тронот трикатен пентхаус во Њујоршкиот Централ парк, кој беше пуштен на пазарот во септември за 250 милиони долари.

Оваа лондонска вила ја изградил градител Џејмс Бартон во далечната 1818 година. Прво во неа живеело неговото семејство, а потоа вилата била користена за колеџот Бедфорд. Таа стана приватна резиденција во 1980-тите.

реклама

Вилата има 40 спални соби и се простира на четири хектари парк во близина на срцето на Лондон. Покрај бројните соби, има осум гаражи, тениско игралиште, сауна, библиотека и голема трпезарија.

Многумина ја споредуваат оваа палата со Белата куќа во Вашингтон поради нејзината фасада и големина. Холм го привлекува интересот на странските инвеститори, исто како и другите куќи во скапите лондонски области. Имено, 48 отсто од куќите во најскапите делови на Лондон во првите шест месеци од 2022 година биле продадени на меѓународни купувачи.

реклама