АВТОБИОГРАФИЈАТА на принцот Хари под името Резервна е најпродаваната нефикциона книга во историјата, објави нејзиниот издавач во вторникот, откако веќе има продадено 400.000 примероци во електронски, аудио и класични формати на книги.
„Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе успее, но ги надминува дури и нашите најлуди очекувања“, рече Лари Финлеј, извршен директор на Transworld Penguin Random House.
„Колку што знаеме, единствените книги кои се продадени повеќе на првиот ден беа оние во кои глуми вториот Хари (Потер)“, додаде тој.
Книгата на принцот Хари, чие издание на шпански јазик по грешка беше објавено порано од планираното, официјално излезе во продажба во вторник.
Нестрпливите читатели се собраа во книжарниците за да добијат копија од мемоарите, кои содржат интимни откритија за британското кралско семејство.
Книгата веќе го привлече светското внимание поради обвинувањата на Хари против неговиот татко, кралот Чарлс, неговата сопруга Камила и постариот брат, принцот Вилијам.