23-годишното куче по име Спајк е официјално најстарото живо куче на светот, според Гинисовата книга на рекорди. Чивавата, која е родена во ноември 1999 година, го собори рекордот на 7 декември, кога наполни 23 години и 43 дена.

Спајк живее со неговата сопственичка Рита Кимбал и нејзиното семејство на фарма во Камден, Охајо. Кимбал ѝ открила на Гинисовата книга на рекорди дека го посвоила своето куче пред речиси 14 години, кога го нашла напуштено на паркингот во една продавница.

“Беше избричен на грбот, имаше дамки од крв од синџир или јаже околу вратот и изгледаше прилично страшно. Работникот во продавницата ни кажа дека бил таму три дена и дека го хранеле со остатоци”, изјави Кимбал за GWR.

Сопственичката ја кажа тајната на долгиот живот на нејзиното куче

Кимбал рече дека Спајк го следела нејзиното семејство додека ја напуштале продавницата и се упатувале на паркингот. Не знаејќи чиј е, решила да го посвои на нејзината мала фарма. Заслугата за својот долг живот сопственикот ја припишува на здравата исхрана, секојдневното вежбање и неограничената љубов и внимание.

Спајк е постар од Blu-ray дисковите, USB-дисковите и телефоните со камера. Пред него, титулата најстаро живо куче на светот ја носеше Џино Волф, микс од Чивава, кој имаше 22 години и 52 дена кога го собори рекордот.