Покрај Горан Пандев, репрезезнтацијата ја напушта и селекторот Игор Ангеловски – Мрме. Тој на прес конференцијата одржана по натпреварот рече дека ќе го памети ова засекогаш, посебно што Горан Пандев за последен пат го носеше државниот дрес.
„Кога ќе се намалат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Можам само да кажам дека беше задоволство да се води Македонија на Европско првенство и заедно со навивачите да се претатавиме на континенот. Не треба да бидеме разочарани, ние го пробибавме „мразот“.
Сакам да искажам благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, до фудбалерите, предводени од Горан Пандев, вам новинарите и на крај на моето семејство. Ова се моменти кои ќе ги паметам цел живот. Неблагодарно е сега да делам кој задоволил, а кој не. Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам и среќен сум што бев дел од сето ова.
Мојот договор завршува, ова е моја последна прес-конференција и моја последна активност со федерацијата, со оглед на тоа што договорот ми истекува на 31 јуни“, рече Ангеловски.
Репрезентацијата во септември ги започнува квалификациите за Светско првенство.