Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска го објави идеалниот тим на годината и најдобрата екипа во 2020, во избор на близу шест милиони навивачи, кои гласаа преку официјалниот сајт „uefa.com“.
Во идеалниот тим на УЕФА очекувано доминира европскиот првак Баерн Минхен со петмина свои играчи, а во составот се најдоа и тројца дебитанти: Мануел Ноер (Баерн), Џошуа Кимик (Баерн), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Алфонсо Дејвис (Баерн), Квин де Брујн (Манчестер сити), Тиаго Алкантара (Баерн), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Роберт Левандовски (Баерн), Нејмар (ПСЖ).
Дебитанти се Дејвис, Кимик и Алкантара, додека Меси по 12 пат е избран во идеалниот тим на УЕФА. Роналдо го зацврсти рекордот со својот 15 избор во кариерата, додека за капитенот на Реал, Рамос, ова е деветти избор. (МИА)