Во емисијата „Стисни плеј“ во просториите на Македонската радио-телевизија, беше изгласана конечната одлука за нашиот евровизиски претставник, според гласовите на жирито, Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе ја претсавува Македонија на Евровизија во Торино.
Годинава за прв пат по седум години, организаторот на Националниот избор, МРТ го врати натпреварувачкиот карактер на изборот за претставничка песна со што формираше онлајн платформа преку која публиката моежеше да гласа на лесен и бесплатен начин.
По гласањето од публиката беше најавено гласањето на жирито и беше нагласено дека изборот на победник ќе се одреди според бројот на двете гласачки тела, во однос 50:50. Во жири комисијата се најдоја претставници од Малта, Израел, Грузија, Исланд и Ерменија, односно луѓе кои биле членови во евровизиските делегации на нивните земји. Жири-комисијата најмногу гласови и даде на Андреа која со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на главниот настап на Евровизија.
Андреа ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12-ти мај, а финалето е закажано два дена подоцна, односно на 14-ти мај.