Романскиот информативен центар во Скопје се отвора со финансиска поддршка на Владата на Романија преку Одделот за Романците во странство, со цел подобрување на билатералната соработка меѓу Романија и Северна Македонија во областа на културата, образованието, јазикот, фолклорот, науката, но и екологијата, бизнисот, медиумите.

Професорката на Правниот факултет Јасна Бачовска, која е член на Влашката културна асоцијација во Северна Македонија, истакна дека овие цели Информативниот центар ќе ги остварува преку едукации, викенд школи, фестивали, конференции, изложби, истражувања, студентска размена, форуми, културни дебати. Таа потенцира и дека Центарот ќе работи во духот на европските вредности и во насока на олеснување на евроинтеграцискиот процес во Република Северна Македонија.

Конзулот на Романија во романската Амбасада во Скопје, Габриел Драгојче истакна дека помеѓу Северна Македонија и Романија постојат одлични билатерални односи, со изгледи за натамошно консолидирање.

„Согласно постојната нормативна рамка, Романија може да придонесе во партнерство со властите на Република Северна Македонија за идентификување и имплементација на проекти за соработка за поддршка на кои ја преземаат својата приврзаност кон романската лингвистичка и културна гранка. Ова е строго индивидуална опција. Оваа поддршка е насочено исклучиво кон напорите за зачувување и афирмирање на културниот и јазичниот идентитет на оваа сродна заедница“, изјави амбасадорот на Романија во Скопје Габриел Драгојче.