Уставниот суд на Косово вечерва ја собори владата на премиерот Авдула Хоти, бидејќи чинот на гласање со кој неговиот кабинет ја доби поддршката во парламентот е прогласен за неуставен. Па, според одлуката на Судот, е наложено распишување на нови избори.

– Новите вонредни избори во Косово мора да се одржат најдоцна 40 дена по распишувањето, бидејќи владата на Авдула Хоти добила поддршка во Собранието благодарение на неуставното гласање, соопшти Уставниот суд на Косово.

При објава на одлуката, Судот истакна дека пратеничкиот мандат на Етем Арифи е потврден, иако неколку месеци претходно е правосилно осуден на затворска казна во траење од една година и три месеци.

Владата на Хоти доби поддршка од 61 пратеник во вториот обид во косовскиот парламент, но бидејќи Уставниот суд го прогласи за мклулниот глас за ништовен, на косовскоот претседател му е наложено да распише нови избори.

Третите парламентарни избори во период од три години се последица на жалбата на Движењето „Самоопределување“ што беше поднесена во јули, тврдејќи дека владата на Хоти добила поддршка во Собранието благодарение на гласот на Арифи кој во тој момент бил осуден за корупција.

Вонредните избори треба да ги распише в.д. претседателката на Косово, Вјоса Османи.