Северна Македонија, Србија и Албанија на денешната средба во Белград на „Отворен Балкан“, преставени од претседателот Александар Вучиќ, премиерот Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров, порачаа дека „Отворен Балкан“ е исклучителна иницијатива и договорија формирање Имплементационен совет за координирање на досега договореното, таму каде е затаено за функционирањето на слободниот проток на луѓе, стоки и услуги, јави дописникот на МИА од Белград.
– Утврдивме дека сите луѓе од нашите деловни заедници 100 отсто се со овој проект, но факт е дека не можеме да го спроведеме она што го договоривме, изјави Вучиќ на прес-конференцијата и додаде дека е договорено е да се направи Имплементационен совет, да се направат состаноци со институции и инспекции, за да се анализира како оди протокот на стоки.
– Нашата работа е да видиме каде потфрливме на терен. Бизнисмените ни велат дека кога треба да извезат сурово млеко во Северна Македонија и кога ќе стигнат на граница во петок навечер, треба да чекаат до понеделник наутро, што е неприфатливо. Иако се договоривме за се, затоа сега ќе оди целосна проверка и контрола, посочи Вучиќ.
Вицепремиерот на Северна Македонија, Никола Димитров, порача дека регионалната соработка е мудар, правилен и европски избор.
– Значењето што Владата на Северна Македонија и придава на регионалната соработка е фактот што јас сум овде. Имаме сложена ситуација на политичката сцена, но оваа иницијатива е важна и не можеме да дозволиме да бидеме отсутни, изјави Димитров.
Според него, оваа иницијатива е чекор кон постигнување на европската визија на Балканот без граници, „солидарноста е основа за идната интеграција, што значи дека треба да се грижиме едни за други како што се грижиме за себе“.
– Иницијативата е насочена кон градење солидарност преку воспоставување единствен пазар, транзиција кон зелена економија и меѓусебно помагање кога се соочуваме со катастрофи, кажа Димитров.
Тој истакна дека Европската банка за обнова и развој и Светската банка предвиделе дека БДП на секоја земја ќе се зголеми за 10 отсто во однос на пред пандемијата и забележа дека голема придобивка би била отстранувањето на трговските бариери.
Што се однесува до ЕУ, тој смета дека колку повеќе соработуваме во регионот, толку подобро ќе ја убедиме ЕУ дека нема да увезуваме проблеми, туку ќе даваме решенија и ако ние сме задолжени за резултатите.
– На пример, македонска компанија која увезува од Србија и извезува во Србија губи околу три недели, чекајќи на одбренија од фитосанитарните инспекции и покрај тоа што двете земји имаат договор во кој се предвидува дека е доволно одбрување од само една лаборторија, кажа Димитров и оцени дека на средбата е искажана политичка волја ова да се преточи во законодавна рамка преку меѓународни договори.
– Регионалната соработка не е алтернатива на евроинтеграциите, таа служи и е во насока на евроинтеграциите, и во услови на разнишана европска идеја, неможеме да стоиме на страна и ништо да не преземеме, изјави Димитров на прес конференцијата.
Албанскиот премеир Еди Рама кажа дека проектот „Отворен Балкан“ не може да стане заложник на ниту една земја и дека е наменет за сите на Балканот.
– Им повторивме на сите кои се однесуваат како да не разбираат, не разбираат, па дури и не сакаат да сфатат дека „Отворениот Балкан“ е отворен, тој е сеопфатен и им припаѓа на сите, не припаѓа само на Албанија, Србија и Северна Македонија, но ниту Албанија, ни Србија, ниту Северна Македонија, кои решија да напредуваат, нема да ги чекаат сите други, кажа Рама.
Тој додаде дека тоа што го слушнал како причини против оваа иницијатива во БиХ, Црна Гора, па дури и на Косово, не го смета за причина.