На денешната седница Владата донесе одлука со која ги задолжи вицепремиерот за европски прашања и Секретаријатот за европски прашања да обезбедат институционална поддршка за реализацијата на иницијативите и договорите во рамките на Отворен Балкан. Ваквата одлука претставува зајакнување на институционалните капацитетите со цел засилено спроведување на проектите во рамки на оваа регионална иницијатива.
Координацијата на Отворен Балкан и на регионалните иницијативи од страна на Владата ја реализира Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијатии, Марјан Забрчанец и националната координаторка за регионална соработка и за европски интеграции, Нола Исмајлоска – Старова.
Премиерот Ковачевски и македонската Влада се домаќини на следниот лидерски самит на Отворен Балкан кој ќе се одржи во првата половина од месец јуни во Охрид.