Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија повеќе диви депонии лоцирани во скопскaта општина Чаир.
Интервенирано е на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, на булеварот Крсте Мисирков, како и на неколку локации во населбата Серава.
Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавни и сообраќајни површини.
Текстот Oтстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во скопската општина Чаир е превземен од МАКФАКС.