Граѓаните на Кочани во во објава на „Фејсбук“ реагираат дека е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната жалост.
„Зошто е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната жалост. Граѓаните на Кочани со огорченост реагираат на отстранувањето на штандот за палење свеќи и книгата на жалост од градскиот парк. Овој простор, кој беше место за оддавање почит кон жртвите, е тргнат и покрај тоа што се уште трае седумдневната жалост“, се вели во нивната реакција.
Граѓаните од целата земја во солзи и огромна тага се збогуваа од 59-те млади животи што згаснаа во пожарот во дискототека Пулс во неделата. Најголем дел од нив беа погребани во Кочани.
Во Кочани беа погребани 31 од жртвите, најмладите имале 16 години. Дел од жртвите беа погребани во Штип, Виница, Облешево.
Шест од загинатите се малолетници, најголем број од жртвите се на возраст помеѓу 21 и 26 години
Текстот Отстранет е штандот за свеќи и книгата на жалост иако се уште трае седумдневната жалост, реагираат граѓаните на Кочани е превземен од МАКФАКС.