Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова се сретна со претставници на бугарската заедница во Република Северна Македонија во зградата на бугарската амбасада во земјава и им се заблагодари за храброста да ја бранат својата бугарска самосвест, традиции, јазик и историја, јавува БТА.

Според неа, Бугарија внимателно ја следи ситуацијата во земјата, „кој и како ги подготвува можните текстови за да ги вклучи Бугарите во Уставот на Северна Македонија, како ќе се усвојат овие текстови, како ќе реагираат политичките сили, но пред се институциите во Северна Македонија.
„Ние секогаш ќе бидеме ваши бранители, исто како што го браневме ова невино момче Христијан Пендиков, кој за малку ќе го загубеше животот затоа што се чувствува Бугарин и е член и секретар на бугарски клуб. Поседувањето бугарски пасош, не е тоа што го прави човекот, важна е неговата самосвест, а секој што има бугарска самосвест ќе биде заштитен“, посочи Јотова, потсетувајќи дека бугарскиот претседател Румен Радев го покренува прашањето за правата на Бугарите во Северна Македонија на секој самит во Брисел, вклучително и на последниот состанок на Европскиот совет.
Илијана Јотова застана во Скопје да положи цвеќе на барелефот на Васил Левски во зградата на амбасадата на враќање од Косово, каде што се сретна со претседателот на државата, Вјоса Османи, по повод 15-годишнината од независноста на државата.
Извор Трибуна.мк