„Секој обид да се украде нашата историја, да се замени, да се поделат нашите херои, на туѓи и свои, е навреда за нивното сеќавање и строга казна, за оние што се осмелуваат да го сторат тоа. Нема да ја изневериме татковината, нашето присуство овде е како заклетва. Нашите национални херои беа убиени во битка, но остануваат во нашата меморија, кражбата на историјата е навреда за нашата меморија “, изјави потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, која присуствуваше на традиционалниот собир по повод годишнината од Илинденското востание, кај месноста Попови ливади, во близина на градот Гоце Делчев.
„Не можеме да го прифатиме јазикот на омраза, кој е во учебниците, спомениците и музеите. Тешкиот бугарски збор се слуша овде, но и во Европа“, подвлече потпредседателката Јотова.
Јотова додава дека резолуцијата изгласана во македонскиот парламент, ќе го наруши трендот на напредок во односите меѓу Софија и Скопjе.
Извор: Трибуна