„Косово е геостратешки многу важна земја за Бугарија во однос на оската Белград-Скопје-Атина“, вели новинарот на Бугарското национална радио ки еден од најдобрите познавачи на Западен Балкан и Косово, Дејан Јотов, во интервју за Бугарската агенција, БГНЕС.

Јотов смета дека Бугарија не го користи доволно потенцијалот за развивање на односите со оваа млада земја, која Софија ја призна меѓу првите земји кога во 2008 година прогласи независност.

„Имаме многу добри односи со косовските Албанци долго пред да ја признаеме нивната независност. Нивниот став кон Бугарите е исклучително позитивен. Поентата е дека не се забележува никаква активност. Последното што се сеќавам е иницијатива за доставување учебници до Гораните. Освен општото достигнување што Бугарија го постигна како будење на интересот на ЕУ за Западен Балкан пред 3 години, оттогаш активноста е многу слаба“, тврди Јотов.

По убедливата победа на 14 февруари, тој не очекува лидерот на Самоопределување, Албин Курти, да направи коалиција со партиите произлезени од ОВК, ниту со со т.н. пацифистичка партија, Демократска лига на Косово.

„Тој ќе има шанса да формира влада со помош на етнички малцинства, како што вели тој самиот. Ова секако ги исклучува српското малцинство и нивните десет заменици. Очекувам да не се приклучуваат повторно на владата, како што беше случајот минатата година “, забележа новинарот.

Во врска со разговорите со Србија, Јотов верува дека Курти нема да прави компромиси со Србија, која очекува некаква компензација за губење на Косово.

Спопред него, српскиот претседател Александар Вучиќ води јасна антиевропска и антиамериканска политика кон регионот и ќе се обиде да ги постигне неговите цели и покрај тоа што Курти ќе биде премиер на Косово.

Тој смета дека идниот косовски премиер треба да биде многу внимателен на неговите јавни изјави, како што беше најавата за референдум за обединување со Албанија или дека не е заинтересиран за преговори со Белград, кој би завршиле со меѓусебно признавање.