Јапонската префектура Канагава објави дека пронашла уште едно шишенце со вакцина против Ковид-19 на компанијата Модерна, за која постои сомневање дека содржи надворешна супстанца, и го повлече остатокот од таа серија од употреба.
Во изјавата во вторникот, властите во префектурата потврдија дека фармацевт пронашол неколку црни честички во едно шишенце, откако проверил надворешни супстанции пред да ја користи вакцината, пренесува Ројтерс.
Префектурата Канагава изјави дека домашниот дистрибутер на вакцината повлекол шишенце со сомнителна содржина и дека околу 3.790 луѓе веќе добиле инјекции од истата серија.
Јапонија престана да користи 1,63 милиони дози на вакцината на Модерна минатата недела, откако беше информирана за контаминација во некои залихи.
Модерна и шпанска фармацевтска компанија „Рови“, која ги пакува овие вакцини во шишенце за пазари надвор од САД, објави дека причината може да биде проблем во производството, а европските регулатори за безбедност започнаа истрага.
Оваа недела, некои серии на вакцината на Модерна беа привремено повлечени во префектурата Окинава, откако во шишенца и шприцеви биле откриени надворешни супстанции, а Министерството за здравство објави дека иглите можеби биле неправилно вметнати во шишенцата, што дошло до одвоени делови од гумената затка.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.