Се чини дека принцезата Шарлин пропадна во земја. Јавноста не престана да се шпекулира за тоа што се случува со сопругата на монегашкиот владетел, која е наречена „најнесреќната европска принцеза“.
Граѓаните на Монако конечно можат да здивнат, бидејќи е откриено каде се криела и што правела сопругата на нивниот владетел, принцезата Шарлин последните неколку недели.
По смртта на двајца драги и блиски пријатели, најпрво кралот на народот Зулу, Гудвил Звелитини, а потоа и неговата сопруга, краицата Монтфомби Дламини од Јужна Африка, Шарлин го продолжила престојот во нивната татковина, каде што решила да му помогне на локалното население во борбата против ловокрадството.
На официјалниот инстаграм-профил на фондацијата на принцезата беа споделени драматични фотографии, на кои позира со локалната единица која се бори против ловокрадството, но и со еден од најзагрозените животински видови, носорозите, за да апелира до јавноста и да ја подигне свеста за оваа страшна борба, поради која, на крајот може да го загрози токму животинскиот свет.
За време на своето патување во Танда Сафари во Јужна Африка, принцезата Шарлин била дел од неколку операции за заштита на животинскиот свет и животните таму, особено носорозите. Оваа област е дом на дури 80 проценти од нивното вкупно население, а на секои 22 часа, од ловокрадците, страда по еден носорог.
Во последните неколку месеци принцезата Шарлин не се појави на многу кралски должности во Монако, што предизвика загриженост кај населението. Но, смирувачки се зборовите и на принцот Алберт Втори, кој се појави во јавноста само со нивните две деца, тврдејќи дека сè е во ред со неговата сопруга и дека нема причина за загриженост.