Полициски службеници на СВР Тетово денеска (27 јануари) спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен првоз на патници, пред сѐ автобуси и комбиња.
„При контролата, откриени и санкционирани се 11 технички неисправни возила (Тетово-5 и Гостивар-6), од кои 6 возила (Тетово-4 и Гостивар-2) имале неисправни сопирачки, 3 во Гостивар биле со неизвршен технички преглед, 1 (ТЕ) со неисправен уред и 1 возило (ГВ) не поседувало потребна опрема. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите прекршители им се изготвени законски предвидените поднесоци.“, извести полицијата.
Во контролата, исто така, биле констатирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци кои, исто така, биле заокружени со поднесоци и ќе се соочат со адекватни парични глоби.