Јапонија откри нова мутација на коронавирусот, јавија локалните медиуми. Пронајден е кај четворица патници од бразилската држава Амазонас.
Јапонското Министерство за здравство соопшти дека се спроведуваат студии за ефикасноста на вакцините против новиот, трет тип, што се разликува од многу заразните варијанти на вирусот, откриени за првпат во Велика Британија и во Јужна Африка.
Според Националниот институт за заразни болести на Јапонија, во моментов нема докази дека новиот тип пронајден кај патници од Бразил е многу заразен.
Четворицата заразени патници, пристигнале на аеродромот во Токио на 2 јануари – 40-годишен маж со проблеми со дишењето, 30-годишна жена со главоболка и болки во грлото, тинејџерка со висока температура и друга жена на околу 30 години, без симптоми.
Поради силниот скок на новозаразени Јапонија прогласи вонредна состојба за Токио и три префектури во непосредна близина на главниот град. Во таа држава веќе има околу 289.000 заразени и 4.061 смртни случаи. (МИА)