„Не може да има историја оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на отворањето на Спомен кулата во чест на борците на УЧК во Слупчане.
Спомен-кулата во Слупчане чини 200 милиони евра општински пари. Висока е 20 метри.
Изградбата на спомен-кулата предизвика повеќе дилеми поврзани со нејзината законитост. Градоначалникот на општината тврди дека има дозвола за градба, но Министерството за транспорт и врски негираше дека била побарана дозвола од нив. Министерството за култура се огради наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја,е на Собранието или на единиците за локална самоуправа.
Втори мај е датумот на кој во 2001 година ОНА го прогласи Липково за слободна територија.