Тетоважата на зглобот на левата рака на актерката Џенифер Анистон до неодамна беше една од најголемите мистерии за нејзините обожаватели кои на социјалните мрежи веќе некое време шпекулираат за нејзиното значење.

Извор за магазинот „People“, во една прилика откри дека актерката е многу духовна и верува дека овие бројки ѝ носат среќа, алудирајќи на едноставната и необична тетоважа на раката на Џенифер Анистон.

epa-efe
EPA-EFE/NINA PROMMER

Минатата година многумина тврдеа дека оваа тетоважа е поврзана со роденденот на актерка и со нејзиното куче Норман. Анистон била многу приврзена со нејзиниот велшки корги-териер Норман, кое починало во 2011 година. Џенифер е родена на 11 февруари, па во тетоважата на зглобот на левата рака на актерката, па многумина го бараа значењето на нејзината тетоважа и во овој датум.

Но, актерката неодамна на својот инстаграм-профил ѝ го честиташе роденденот на нејзината најдобра пријателка, актерката Андреа Бендвалд, со која негуваат пријателство кое трае повеќе од 37 години.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Меѓу неколкуте заеднички фотографии со кои ѝ го честиташе роденденот, беше и фотографијата со двете идентични тетоважи „11 11“. Едната на Џенифер, другата на Андреа. Истата фотографија ја сподели и Андреа кога ѝ го честиташе роденденот на Анистон.

Среќен роденден Џен! Ти си најдобрата, најубавата и најталентираната жена на планетата, со големо срце, љубезна и смешна. Денес е твојот голем ден. Се разбира, тоа е најмоќниот ден во годината со новата месечина во Водолија!!! Сега има смисла што целиот универзум е во склад со целата љубов на твојот роденден, ти си неизмерно сакана“, напиша Андеа во описот на фотографиите.

Едвај чекам да го прославиме твојот родеднен и да направиме уште магични желби! 11:11. Среќна сум што си дел од мојот живот“, додаде таа.

Во роденденската честитка од 2018 година, Бендевалд ја нарече Анистон нејзина „близначка од друга мајка и духовна сестра“, откривајќи дека тие се пријателки од тинејџерските години и дека сè уште растат и учат заедно. Анистон во 2019 година за „New York Times“ откри дека Бендевалд е нејзината „најстара пријателка“ и дека во серијата „The Morning Show“ таа ја игра улогата на шминкерка на нејзиниот лик Алекс Леви.