Бразилската легенда Пеле вели дека се опоравува многу добро, по операцијата за отстранување на туморот од дебелото црево.
80 -годишниот Пеле беше примен во болница минатата недела, откако тестовите покажаа дека има тумор на дебелото црево.
Во понеделникот, тој во објава на социјалната мрежа Инстаграм потврди дека има операција за отстранување на туморот.
Пред операцијата, трикратниот освојувач на Светското првенство изјави: „Ќе се соочам со овој натпревар со насмевка на лицето, многу оптимизам и задоволство од животот“.
Сега тој повторно објави и кажа дека добро се опоравува по операцијата, а објавата ја посвети на неговиот добар пријател и пејач Роберто Карлос, чиј 52-годишен син почина од рак во средата.
Пеле е најдобар стрелец во историјата на Бразил и еден од ретките фудбалери што постигнал гол на четири светски првенства.