Баерн Минхен ќе има значителни промени во новиот гостински дрес.
Адидас подготви значително поинаков дрес за баварскиот гигант во споредба со оној што моментално се користи, а сега апсолутно доминантна боја е црната.
Покрај него, има сив дел на дното на дресот на левата страна, додека логото на клубот, логото на спонзорот и производителот се изработени во златна боја.
Неодамна беше откриен главниот дрес на баварскиот великан, кој исто така претрпе бројни измени, па Баварците ќе ги гледаме во значително различни дресови од следната сезона.