Концертот на Руски романси, најавен за вечерва во фоајето на НОБ, во договор со организаторот се одложува, соопшти Министерството за култура.
-Последните вести од Украина го загрижуваат целото човештво. За никого ова не е време за романси. И уметноста е порака, затоа никој не смее да дозволи таа да биде извалкана. Убавите романси нека останат за подобри времиња, времиња во кои повторно ќе владее мирот, нема да има жртви и никој нема да се чувствува загрозен или под закана, велат од Министерството за култура.