И официјално е откажан првиот натпревар на Светското првенство во Египет, односно нема да се игра денешниот дуел помеѓу Германија и Зеленортските острови.
Поради позитивни случаи на ковид-19 во редовите на африканската репрезентација, ИХФ одлучи да не одржува овој меч на Мундијалот.
Селекцијата на Зеленорските острови моментно нема 10 играчи и еден голман, а тоа е потребно за одигрување на еден натпревар според правилата на Светската ракометна федерација.
Донесена е одлука за службена победа од 10:0 во корист на Германците.
На табелата во групата „А“ Германија претходно славеше против Уругвај (43:14) и е на првото место со четири бодови. Второпласирана е Унгарија со два бодови и вечерва од 20.30 часот се очекува да ја оправда фаворитската улога против Уругвајците.