Делегацијата на Левица предводена од Димитар Апасиев која се поклони на гробот на албанскиот комунистички диктатор Енвер Хоџа во Тирана, се поклони и пред гробницата на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини во Рим, дознава АХА.

Како што информираат извори на АХА од штабот на Левица поклонувањето пред гробот на Енвер Хоџа  всушност требало да биде тајно и објавите на социјалните мрежи од Левица не биле наменети за пошироката јавност туку за интерно себе билдање на диктаторските нарави на Апасиев и врхушката на Левица.

Турнејата поклоненија на Апасиев и лидерството на Левица од Тирана продолжила во Рим на гробницата на Мусолини, а до година се планира поклонување во Москва пред бистата на Сталин, дознава ексклузивно АХА.

Има да се клањаме кај секој фашистички и комунистички диктатор: кај Франко во Шпанија, кај Чаушеску во Романија… Ма нема да застанеме сè додека не го пронајдеме почивалиштето на Хитлер и тоа ќе биде нашата крајна поклоненичка дестинација, рекол одлучно Апасиев.

Превземено од Фронтлине.мк


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK