Продолжуваат сензационалните вести од Шпанија. Откако утрово менаџерот на Халанд, Мино Рајола, како и таткото на фудбалерот биле снимени на аеродромот во Барселона како одат на преговори со Лапорта, стигна нова вест.
Наводно таткото на Ерлинг Халанд отишол да се види и со претставниците на Реал Мадрид. Не е тајна дека и Барселона, но и Реал Мадрид се заинтересирани за 20-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд. Дали ќе имаме жестото „Ел Класико“ за неговите услуги останува да се види. Сепак, вреди да се напомене дека за услугите на напаѓачот се заинтересирани уште Манчестер Сити, ПСЖ и Челзи.