Чинот полковник го добивте на време или пред време, го праша министерката за одбрана Славјанка Петровска пратеникот Драган Ковачки во гостувањето во „Само вистина“. Тој кажа дека бил унапреден за посебни заслуги, без да одговори дали ги имал потребите компетенции.

-Треба да го прашате тогашниот министер за одбрана зошто ме унапредил. Унапредувањето не може да го вратите, тоа може само да го прифатите. Зарем сметате дека треба да обжалувам нешто на што сум горд, рече Ковачки.

-Зарем сте горд за унапредување за кое ги немате исполнето критериумите, праша министерката Петровска, по што пратеникот Ковачки и кажа „да не се расправа“.