Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, која има четири пратеници во Собранието, меѓу кои и Скендер Реџепи Зејди кој се двоумеше дали ќе гласа, поради Левица, изјави дека ќе гласаат за рушење на Владата, откако двајцата пратеници ги повлекоа потписите.

-Имаше голема пречка за нас во однос на гласањето за недоверба на Владата, но Димитар Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за гласање недоверба на Владата, со што е отстрането тоа како проблем и сега можам да потврдам дека ние, четирите пратеници на Алтернатива, утре ќе гласаме за недоверба на Владата“, рече Гаши.

Тој нагласи дека Алтернатива нема да биде дел од ниедна идна Влада која во својата прогама нема јасно дефиниран евроатланскиот курс.

-Битно е сега дека утре  ќе гласаме за недоверба на Владата. Го слушнавме гласот на членството и на граѓаните и горди сме што ќе гласаме така, рече Гаши.

Утре е многу важен ден, рече лидерот на Алтернатива и нагласи дека ќе биде битно ако Владата падне, затоа што тоа ќе значи заминување на ДУИ во опозиција по 20-годишно лошо владеење за граѓаните.