Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и компанијата Кожувчанка на звратимениот украински град Буча му донираа генератор во вредност од 80 000 евра.

-Генераторот во вредност од 80 илјади евра, кој како донација од страна на градоначалникот Митко Јанчев и компанијата Кожувчанка му беше доделен на збратимениот град Буча од Украина, е пристигнат. Ова значи дека граѓаните на Општина Буча веќе од понеделник ќе имаат непрекинато водоснабдување и струја, нашиша на спојот профил на фејсбук, првиот човек на Кавадарци и Кожувчанка Митко Јанчев.