Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска истакна дека разрешениот директор на Кардиохирургија, професор Сашко Јовев му е пријател.

Според него, нема никаква политичка или друга позадина за неговото разрешување.

Тој го повика Јовев да му биде советник во Кабинетот, како национален координатор за кардиохирургија.

„Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги“ вели Меџити.

Според информациите, причината за разрешувањето е несогласност за дежурства во текот на 2022 година.