Скандал се случил на вчерашниот тренинг на Наполи. Имено, тренерот на тимто Џенаро Гатузо го избркал нашиот репрезентативец од тренингот, односно некаде на половина од тренингот му рекол да оди во соблекувалната. Иако не е познато што точно се случило, сепак наводно на Гатузо не му се допаднала реакцијата на Елмас кога тој му кажувал некаква тактичка замисла на тренингот.

Поради ова, пишуваат италијанските медиуми, можно е Елиф Елмас да не биде во составот за пресметката со Лацио вечерва.

Не е прв пат вакво нешто да направи Гатузо, претходно тоа веќе го правеше со Алан претходната сезона, а потоа со Гулам и двапати со Марио Руи во тековната.