Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ќе разговара со сите партии кои што поставија услови за гласање на уставните измени, пред се за внесувањето на Бугарите во Уставот. Албанските партии имаат услов да се брише „20 приценти“ во формулацијата за албанскиот јазик, додека ВМРО-ДПМНЕ побара одредени гаранции.

-Штом ќе биде отворена процедурата, кога ќе се види дека има волја, практично консензуална воља, а гледам дека сите партии имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние коишто беа изричито против, сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни измени, сметам дека треба да се седне на маса, сите политички партии да ги кажат своите претпоставки, да го кажат својот став во однос на уставните промени за да може на крајот да се дојде до решение коешто ќе бидеприфатливо за сите – рече Ковачевски.