Во светот на козметиката, не е изненадување што многу брендови често се служат со терминот „чиста убавина“, меѓутоа, за ова нема јасно дефинирани правила. Овој термин им овозможува на брендовите да претставуваат и даваат различни ветувања на обичниот потрошувач. Сепак, корејскиот бренд за убавина Sioris, може да се издвои и истакне како еден од брендовите за кој веруваме дека ја отелотворува „чистата убавина“ на едноставен и оригинален начин.

SIORIS ЈА ОДБИРА СВЕЖИНАТА ЗА ДА ЈА ПОТТИКНЕ ПРИРОДНАТА ЕНЕРГИЈА НА КОЖАТА

Sioris е корејски бренд за нега на кожата кој ја следи филозофијата „Свежо + Безбедно + Искрено“. Овој бренд за „чиста убавина“ се гордее со користењето на вегански сертифицирани формули со природни, сезонски и безбедни состојки во нивните формулации. Во однос на искреноста, во секој од нивните продукти, активната состојка е јасно наведена во составот, а бидејќи состојките се свежи и сезонски, тие не испорачуваат продукти постари од една година.

ИЗБЕРЕТЕ СВЕЖИНА, ИЗБЕРЕТЕ ЕФИКАСНОСТ

Брендот Sioris  е изграден околу минималистичка етика, која ја става грижата за кожата на прво место. За изработка на своите продукти за нега Sioris користи билки со ендемско потекло од Јужна Кореја, кои се одгледуваат на органски фарми и се одбираат во екот на сезоната кога нивните состојки се најефективни и најквалитетни, а сепак се доволно нежни за грижа и на најчувствителната кожа со фокус на нивото на pH вредност пријатна за кожата. Целиот асортиман од продукти е наменет за целото семејство. Брендот Sioris пројавува свесност и грижа за околината, овозможувајќи чисти формули, без тестирање на животни, со рециклирачки амбалажи.

Simple + Original = SIORIS

ЕДНОСТАВНО + ОРИГИНАЛНО = СИОРИС

Името на брендот Sioris е спој на првите слогови од двата збора: Simple + Original (во превод: eдноставен и оригинален). Целта на Sioris е да ја употреби природната енергија и делотворност на едноставните, свежи состојки во нивната оригинална форма. Sioris верува дека најделотворните природни состојки се создаваат во текот на целиот годишен циклус на растенијата, во сите четири годишни времиња, преку нивните корења, изданоци, плодови, цветови и лисја и ги користи сите нивни придобивки за да помогне во хранливата нега на кожата. Затоа Sioris, природните органски сезонски состојки ги подготвува веднаш по бербата за да создаде несекојдневно свежи производи за нега.

Интересно е што фокусирајќи се на користењето на најсвежи состојки одгледувани во Јужна Кореја, во зависност од сезоната, можете да очекувате различни состојки во содржината на некои од нивните производи. На пример, водата (екстракт од плодови на различни растенија) што се додава во производите, може да варира во зависност од сезоната. За есенското производство се додава екстракт од цитрус јуја, додека за пролетното производство, екстракт од зелена слива што се должи на ставот на брендот да користи зрело сезонско овошје, што значи различни плодови за различна сезона.

СЕРТИФИЦИРАНИ ВЕГАНСКИ ПРОИЗВОДИ

Sioris се смета за бренд на „чиста убавина“ и често ги користи фразите како „вегански производ“, „не користи суровост кон животните“, „без парабени и фталати“. Нивната дефиниција се потпира на оценките на EWG (Environmental Working Group) на САД, а во нивните производи се наоѓаат високи концентрации на состојки кои имаат најголема важност, како овошјето јуја, зелената слива, бобинката омија, овесна каша и други, а отстранети се сите непотребни синтетички конзерванси. Зелената слива е богата со минерали и витамин Ц кои потекнуваат од Гвангјанг, Кореја, а екстрактот од нејзиниот плод ја смирува и осветлува кожата. Цитрусот јуја од Џеџу, кој содржи моќни антиоксиданси и витамин Ц, го поттикнува производството на колаген и помага во зацврстување и осветлување на кожата, додека бобинките омија го намалуваат процесот на стареење.

Нивните производи се сертифицирани со COSMetics Organic and Natural Standard Certification, стандарди за органско призводство, поставени од 5 европски земји. Sioris го користи методот на декомпресија со ниска температура, дозволувајќи главните хранливи вредности да бидат екстрахирани 12 часа, со што се добива свеж екстракт од плод со извонредни бенефити за кожата.

Sioris ветува нега на кожата што функционира едноставно и природно, па затоа ги прави производите совршени за користење за сите типови кожа, како и за оние кои сакаат да пробаат ефикасни, чисти или вегански производи. Sioris исто така е специјално формулиран за да им помогне на чувствителните и проблематични типови на кожа.

Олпео, специјализирана продавница за корејска козметика

Производите на Sioris можете да ги најдете ексклузивно во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, на продажните места во ГТЦ-Скопје на 1-ви кат и Палма мол во Тетово, или да ги нарачате на www.olpeo.mk и www.grouper.mk/shop/olpeo.  

(комерцијален текст)