Сангрија е идеален пијалок за топлите летни денови кога сакате да се опуштите со пријателите или да организирате забава, а многу лесно се прави.
Виното збогатено со различни овошја е совршено освежување, а овој пијалок потекнува од Шпанија, каде што го добил името по шпанскиот збор sangra, што значи крв.
Кај нас најчесто се комбинира со малини, капини и портокали, а со вкусовите може да си играте и да користите додатоци по желба.
Состојки:
- 1,5 l црвено вино
- 300 гр шеќер
- 300 мл сок од портокал
- 1 лимон
- 1 лимета
- овошје по ваш избор
Подготовка:
Во поголем сад или бокал измешајте ги сокот од портокал, лимон и лимета со шеќерот, па измешајте додека шеќерот целосно не се раствори. Ставете во фрижидер најмалку еден час да се излади. Во добиениот сок истурете црвено вино и сè добро измешајте. Овошјето измијте го по желба, исечкајте го на кришки, ако користите јаболка или да речеме праски, сè убаво измешајте и вратете го во фрижидер уште два часа за убаво да се излади и да се измешаат сите вкусови. Истурете го пијалокот во високи чаши со неколку коцки мраз, додадете неколку парчиња овошје и послужете.