Со медалот за освоено прво место на Републичкото првенство во шах за млади до осум години, третоодделенецот Марко Зафиров од Велес, денеска се сретна со градоначалникот Марко Колев.

Како што информираат од Општина Велес, малиот Марко му раскажал на градоначалникот за својата пасија во играње шах, што ја научил од својот дедо. Покрај шахот како хоби, кое му носи бројни пофалници и признанија му се математика, историја и географија.

Инаку, наредната година Марко ќе учествува на Европското првенство во шах што ќе се одржи во Струга.

Градоначалникот Колев му посакал понатамошни успеси во шахот, останатите области како и во учењето.

Тој најави дека Општина Велес ќе го поддржи талентираниот Марко Зафиров на европското првенство за достојното претставување на градот во овој престижен спорт.