Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово се фотографираше со сребрениот медал освоен на интернационалниот натпревар „Математика без граници“.

Таткото на Македон, Владимир Димитровски објави фотографии и напиша дека медалот пристигнал во рацете на генијалецот.

„Да ни се множат наградите“, напиша Владимир.

Инаку Македон е момче кое зборува повеќе јазици, германски, англиски, кинески и арапски и е генијалец во решавање математички задачи кои се наменети за втора година средно образование. Тој има IQ 134, а предвидувањата се дека со текот на неговото растење ќе достигне и до 145 -150.