Осум лица од настраданите во пожарот во Кочани со авион „Спартан“ се пренесени во Софија, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Според неофицијални информации, авионот веќе слетал на аеродромот во Софија.
Кон аеродромот патуваат пет возила на Брза помош за да ги подигнат повредените и да ги сместат во „Пирогов“. Во Универзитетската итна болница специјализирани тимови се подготвени да му помогнат на секој што ќе биде донесен. Во УМБАЛСМ „Н.И.Пирогов“ се наоѓа Клиниката за изгореници и пластичко-реконструктивна хирургија, чиј дел е уникатното одделение за изгореници на децата.
Бугарија испрати и шест амбулантни возила, кои во моментов се пред Клиничкиот центар во Скопје.
Според информациите на БГНЕС од Скопје, вечерва се очекува во Бугарија да бидат пренесени уште пет настрадани лица.