Изминатите 24 часа на ГП Богородица е забележана зголемена сообраќајна фреквенција и гужва на излезот од земјава кон Грција, која предизвикала некаде до пладне за излез да се чека меѓу 40 минути и еден час, изјавија за МИА од дежурната гранична служба.
И покрај тоа што функционирале сите сообраќајни ленти, имало повремени големи налети на туристи, чиј број на излез од земјава изнесува 8.122 туристи, најголем број од нашата земја и од соседна Србија.
За време на сообраќајниот метеж, кој траел до 12 часот, се случиле и неколку непријатни ситуации на меѓусебни кавги меѓу возачите поради незапазување на редот, како и меѓу камионџиите од истата причина кои сепак завршиле мирољубиво.
Од дежурната гранична служба посочија дека во моментот е празен ГП Богородица и дека не се чека повеќе од пет минути на излез од земјата .Релаксирана е ситуацијата и на ГП Евзони.