Постапката за кандидирање почнува утре и ќе трае седум дена. По изборот на претседател ќе се избере ново раководство на партијата на предлог но новиот лидер. Алтернанитва не донесе одлука за влез во Владата но го овласти претседателот Гаши да продолжи со преговорите со премиерот во оставка Заев
СКОПЈЕ – Највисоките партиски тела на СДСМ ја прифатија оставката на Зоран Заев од лидерското место на партијата а новиот претседател ќе се бира на внатрепартиски непосредни избори на 12 декември. Ова е епилогот од седумчавосниот состанок на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ кој се одржа вечерва во седиштето на партијата.
„Централниот одбор констатираше дека со поднесената оставка на претседателот Зоран Заевпотребно е да почне процес за внатрепартиски непосредни избори кои се распишани и ќе се одржат на 12 декември во недела“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Постапката за кандидирање почнува утре и ќе трае седум дена а право за кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат условите согласно статутот. На изборите можат да гласаат сите членови кои ќе се регистрираат во наредниот период.
Кузеска соопшти дека по изборот на претседател ќе следува избор на ново раководство на партијата на предлог но новиот лидер.
Во јавноста се погласно се споменува името на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски како наследник на Заев на лидерската но и мандатарската позиција. На денешната седница, неофицијално, Заев ја поддржал неговата кандидатура и избор.
„ Претседателот на партијата е се бира на избори, станува збор за непосредни квалитети на еден човек и за коментар во однос на квалитети на еден човек. Можеби се спомнаа и други луѓе“, одговори Кузеска на новинарските прашања околу евентаулниот избор на Ковачевски.
Како што соопштија од партијата по 12 декември, односно по изборот на нов претседател, Заев останува како активен член во СДСМ.
Заев по третпат беше избран на чело на СДСМ во март годинава, но првпат на непосредни внатрепартиски избори, на кои беше единствен кандидат.
На седницата на Централниот одбор Заев соопштил дека парламентарното мнозинство е стабилно, во наредниот период ќе се зголемува и има простор за влез на Алтернатива. Централниот одбор пак му даде легитимитет на Заев да продолжи преговорите за мнозинство со Алтернатива.
А во седиштето на Алтернатива, Централното претседателство дебатираше три часа зад затворни врати околу прашањето дали партијата ќе стане дел од Владата или не и конкретна одлука не се донесе. Партијата го овласти претседателот Африм Гаши да почне разговори за влез во Владата.
„„Алтернатива“ како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените интереси вечерва разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ. Централното претседателство, како што информира, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза“ изјави портпаролот на „Алтернатива“, Орхан Муртезани, по седницата што се одржа во партиското седиште во Скопје.
Тој додаде дека „Алтернатива“ и Гаши чекаат од СДСМ и ДУИ да им биде соопштен концептот за излез до кризата и дали имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта.
„Отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори“, рече Муртезани.
Конечната одлука за влез во Владата мое да ја донесе само Цетралното Собрание на „Алтернатива“ кое ќе биде свикано откако ќе има нешто конкретно од разговорите кои е ги води претседарелот Гаши со претставниците на владината коалиција.
Минатиот петок, во Клуб на пратеници, бепе првата средба меѓу Заев и Гашина која и официјално се отвори можноста за влез на „Алтернатива“ во Владата која партијата ја напушти пред ланските парламентарни избори.
„Алтернатива“ има четири пратеника и доколку се постигне договор ќе го зацврсти владиното мнозинство во Собранието.