Oставката на премиерот Зоран Заев што ја поднесе вчера до македонскиот парламент треба да се најде на денешната собраниска пленарна седница која претходно беше закажана за пратенички прашања.
Заев преку писмо ги информираше претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците дека поднесува оставка од функцијата премиер и објасни дека „одлуката ја донел како логичен чекор што произлегува од исходот на локалните избори и како израз на одговорност за изборите.
Според него, резултатите од последните избори, иако беа локални, имаат принципиелна и политичка тежина за политичкиот момент во кој се наоѓа државата.