Заменик министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка. Одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи.
Во овие моменти, тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за формирање модуларна болница, немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, од почит кон жртвите, повредените , јавноста, напиша Хасани.
Министерот за здравство Венко Филипче за во 19 часот закажа прес конференција, но дали и тој ќе се повлече ќе се дознае за речиси еден час.