Државниот завод за статистика информира дека вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20:00 часот вчера.
Според податоците, можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле 193.370 лица.
Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето оди во најдобар ред и во согласност со планираниот интензитет. Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 септември.