Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денеска ги помина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

Роналдо ги напушти редовите на Јувентус во петокот, кога и официјално беше потврдено дека ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Јунајтед се уште не потврди дека Роналдо потпиша нов договор, а британските медиуми шпекулираат дека вредноста на трансферот е 15 милиони евра со бонуси.

Во првиот мандат, Португалецот го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 2003 до 2009 година.