Kоосновачите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, Угур Шахин и Озлем Тиречи, најавија дека до 2030 година би можело да се развијат вакцините против рак .
Сопружниците Шахин и Тиречи велат дека направиле пробив што им влева надеж и за вакцина за рак наредниве години. Според проф. Тиречи, методологијата со РНК може да се пренасочи во зајакнување на имунолошкиот систем и напаѓање на клетките на ракот, следејќи го истиот принцип како кај корона вирусот.
„Бионтек“ веќе работеше на РНК-вакцини против ракот и пред корона-пандемијата, но потоа компанијата го префрли својот фокус на создавање ковид-вакцини.
Германската компанија се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, кожата и некои други видови рак, но постојат големи пречки во тоа. Имено, клетките на ракот коишто создаваат тумор може да се полнат со широк спектар од различни протеини, што го отежнува создавањето вакцина којашто ќе ги таргетира сите канцерогени клетки.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.