Основата на договорот, што денеска го постигнаа Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија и има 2.000 страници, ја сочинуваат трговијата и царините, но опфатени се многу повеќе теми што се однесуваат на идните односи меѓу двете страни. Пристапот без царини и квоти на еден од најголемите пазари ја чини оската на документот и ги надминува договорите што ЕУ ги има со Јапонија и со Канада, пишува „Гардијан“, а пренесува „Танјуг“.

Кога станува збор за трговијата, производителите во Велика Британија ќе мораат да исполнат стандарди во нивната земја, но и во ЕУ. Британските стручњаци од сега ќе мора да бараат признавање на своите квалификации во државите на ЕУ во кои ќе сакаат да работат, мешѓутоа се променија и условите под кои ќе може да бараат работа во рамки на блокот. Државјаните на Велика Британија повеќе нема да можат да студираат, да работат и да живеат во ЕУ без виза што ќе биде неопходна за подолг престој од 90 дена.

Барние по трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија: Ни олесни, часовникот повеќе не отчукува

Кога станува збор за рибарството, Велика Британија ќе ја напушти заедничката политика на ЕУ. Годишниот промет на бродови од ЕУ во британските води изнесува 650 милиони евра, а на оние од Велика Британија – 850 милиони евра. Уделот на ЕУ, со воведување на новите квоти, етапно ќе биде намален за 25 отсто во наредните пет и пол години. Четвртина од приходите на ЕУ, поточно, 162,5 милиони евра годишно, ќе и биде вратен на Велика Британија до крајот на споменатиот период, по кој ќе има преговори на годишно ниво.

Европската Унија инсистираше од Велика Британија да се синхронизира со нејзините правила за државна помош. Во Брисел постоеше загриженост дека британската влада ќе создаде конкурентска предност по пат на субвенции, а Лондон прифати да формира сопствен систем, што претставува најголема отстапка на ЕУ. Но, Велика Британија ќе мора дека нејзиниот систем на субвенции ќе биде во рамки на главните принципи од договорот.

Мишел: Договорот со Велика Британија е најдобар исход за сите наши граѓани и компании

Двете страни се сложија и за минимално ниво на еколошки, социјални и работни стандарди под кои нема одење.

Стоки и авиосообраќај

Велика Британија успеа да ја убеди Европската Унија за стоката што ќе биде извезена на европскиот пазар да има означено британско потекло, дури и кога за нејзина изработка се користени материјали и процеси во ЕУ. На британските производи ќе биде воведена царина само во случаи во кои повеќе од 40 отсто од суровините немаат британско потекло или ако се од некоја држава која не е членка на ЕУ.

„Би-Би-Си“: ЕУ и Велика Британија, конечно, постигнаа трговски договор

Решавањето на трговските проблеми беше една од најтешките теми во преговорите. На крајот е одлучено дека во случај на некоја страна да смета дека е оштетена, може да преземе соодветни мерки по консултации, а Арбитражниот совет би се состанал во рок од 30 дена и би донел пресуда.

Прекуграничните полициски истраги и спроведување на законот може да продолжат, со договор дека Велика Британија може и натаму да учествува во клучните програми на размена, но не во сите.

„Би-Би-Си“: ЕУ и Велика Британија, конечно, постигнаа трговски договор

Договорот за авиосообраќај ќе зависи од тоа дали Велика Британија ќе остане членка на заедничкиот Европски воздушен простор. Авионите ќе продолжат да летаат според привремено постигнатиот договор за што, сепак, ќе мора итно да се преговара.

Преземено од telegraf.rs